NAJNOVI NASLOVI:

Наум Петрески сними два видео записи со ИН тв
Сабота, 18 Февруари 2017 21:37   

Посебно пофални зборови упатува фолк легендата на македонската музика Наум Петрески за соработката со екипата на Интв. Имено, изминативе неколку денови на две

локации се снимаа два видео записи од најновото ЦД на Наум. Првиот видео запис беше снимен во родната Струга на Наум а вториот во Скопје.


-Се беше навремено, снимавме во одлично време . Покрај езеро, на моето место , во моето мало градче, така и се вика во песната, во мојата Струга. Мислам дека беше

убаво, фативме убави фрагменти, убаво време, песната е убава така што нема нешто да не е убаво, вели Наум.

Што се однесува до песната, како што вели е направена  како едно сеќавање на едни времиња кога сме биле млади.

-Токму статистите ќе го донесат тој филм на тие времиња кога ние сме биле млади, кога бевме заљубени, кога имаше многу поголем туризам отколку сега. Имаше многу

туристи, ние тогаш свиревме со мојата прва група Галеби и почнавме од Евро хотел, Дрим хотел, тоа беа моите почетоци. Покрај Дрим, влезот на хотелот Дрим, женска

плажа, тука се сите мои спомени, се присетува Наум.

Втората песна која носи наслов “Дај уште вино” е напишана со повод, за неговите дружења со пријателите низ животот.

- Секогаш сум научен во големи друштва, кафански амбиент, наши македонски ресторани, македонска  кујна и македонско вино. Мислам дека нпаравивме еден добар

избор. МЦ е прекрасно македонско ресторанче.Тука е таа традиционална мак атмосфера, песната е жива. Се надевам и сигурен сум дека ќе уживаат со мене, поголемиот

дел од моите статисти се мои пријатели, ништо не е случајно, вели Наум

Притоа тој додава дека токму статистите кои ги има на видео записот се негови добро познати пријатели од секојдневниот живот на пејачот.