NAJNOVI NASLOVI:

Охрид побогат за уште еден етно ресторан
Четврток, 28 Декември 2017 16:57   

„Се надевам дека оваа приказна ќе послужи за пример не само во Охрид, туку и во цела Македонија како може да се развива туризмот и како може нашите села да одат

понатаму.

 Целта на оваа приказна е да ги привлечиме најмногу домашните и странските туристи, при што ќе им понудено зготвената традиционална македонска селска

храна, ќе имаат можност да јаваат на магариња, ќе им понудиме авантури со џипови, пешачење, планински велосипедизам, така што од ден на ден ја надоградуваме

приказната на Куратица“, вели Ангелоски.


Со настап на фолк пејачот Спасен Силјаноски, КУД „Фолклористи“, во свечена атмосфера синоќа во охридско Куратица беше отворен етно ресторанот „Дедо Димо“. Жителите

на селото добија уште една понуда во нивната туристичката промоција.


Во Куратица се отвори етно ресторанот “Дедо Димо”. Многубројните присутни гости покрај во традиционалната македонска храна, уживаа и во прекрасните  настапи на

Спасен Силјаноски и КУД Фолклористи од Лескоец.