NAJNOVI NASLOVI:

Петок, 09 Февруари 2018 00:41   

Јас се викам Тунговска (Тунгуска?) Ленче. Инвалид сам 100%, без очи. Иначе сам од Солун.


Мојта мајка се вика Маргарита, татко ми се вика Јордан. Имам сестри. Они се, едните се во Грција, едни се во Бугарија, имам роднини и во Америка, во Њу Јорк, само не ги знам точно дека и како.

Друго да ви кажам: кога мене ме фанаа грците 1939-та, а иначе работам во Организацијата од 1937-та година како курир. ’39-та ме фанаа у школото, само писмото шо го носев не можеа да ми го пронајдат оти јас

гоизедех. И они не можеа да ми го најдат. И ме земаа од школото и однесеја ме, затворија ме.


Осудија ме прво да ме бесат; оти бех малолетна, на 15 годинки немав, тогај ме осудија на 105 години затвор. 3 години лежах у затвор, тепаа ме, мачија ме… у Солун. Грците ме судија. Како политички, зашо работев

у Организацијата на „ЕМ“. Таа е „Единствена Македонија“. И пред тоа, втори пат ко ме носија па да ме судат, поминаа ме покрај мајка ми, покрај куќата во Солун, грците: едната раката врзана со синџир, и ногата;

другата рака врзана за друг. И мојта рака и неговата со синџири и однесеја не на суџење. Мојта мајка гледаше низ џамо, ама не смееше да одговоре дума. И тогај ме осудија на 105 години затвор.

1941-та година грците, у затворо, однесеја ме во една голема соба; у неа имаше 4-5 души. 4 на сите 4 души на по едан и едан у средината. И фатија да не питат, на грчки, они на грчки, јас на македонски: македонка

сам, не можам да бидам јаска гркина.


И фатија да не псуват, на грчки. Земе тај во средината, бутни ме на тај, од тај на тај, само, како фудбал ме играа.

И ми веле тај во средината:
– Да знаеш, веле, ќе ти ги извајме очите.
Велам:
– Шо сакате правејте, јас не знам ништо.

Значи, да ме заколат, да ме отепат, јас Организација не кажувам. Оти ако е кажам, ќе го фатат тај, тај ???????, ќе се открие.

И тај у средината зема извади нож. И ми веле:
– Очите ќе ти ги извадам!

Шо сакаш прави.
И земаа со нож, ми го извртеа левото око, со нож ми го извртеа. И јас сам паднала и сам се изгубила.

Након коа се освестих, се најдех у ќелијата доле, сама у ќелија, нема други со нас у ќелија да седат. Секој засебна ќелија, политички… ќелијката ни беше метар и пол на метар и пол (1.5х1.5 метри). На 24 сата ми даваа по 100 грама леб. И секој ден сабајле, ручок и вечер ќутек: прво ќе не тепат и након ќе ни даат да јајме. Не ти се ни јаде.

Након клучарот на затворо шо беше, пред да дојдат германците тоа биде, клучаро шо беше на затворо он беше со нас работник. И ние седевме, ама се знаевме, сета политика каква е. И он не пушти, 10 души не пушти. Сосе една пушка, един пиштол и 10 куршума. Пушти не, од затворо, да бегаме.

Бегаме, кријаме се по селата. Тука-тамо, додека да стапам веза сос, сос партизаните, сос на Гоце, сос на Гоце Керамитчиев со бригадата, Првата ударна егејска бригада. Цела Грција ја шетаме. Дури… ооо, тука, како викат ова, Драма, у градо, ние тамо беме партизани у Драма, надвор од Драма, тоа се оде од Драма за Неврокоп, тоа е Бугарија, Гоце Делчев како викат сеа тај град, не знам. Ние тамо беме се собрале и си чистехме оружјето и некој не предаде. Па, шпионите предадеа не и ние од тамо, од Драма, до Ѓумурџина, това, дивија гач (?) пеш преко планината ојдеме на дивија гач (?).

Дажи у селото Крива, Гуменичко, тамо држаме, одржаваме предавање, говор. Не предадеа и ние бегаме и по нас го запалија селото, грците. Одехме, борби водехме, се тепаме; грци имаше, и грци партизани, ама беа против нас македонците, нејќеа да чујат за нас македонците воопште. У бригадата имаше и грци и те тераа, грците те тераа да зборваш грчко, не македонски.

06:34

Излегов партизанка, од Солуна града,
од Солуна града одехме по планини,
по Балкани ниту мили, ниту драги.
Ние ќе ојме за Солуна, за Солуна града,
тамо ќе развијме знаме, знамето МАКЕДОНСКО.

Ќе дојде ден и нема да остајме така. Јас сакам лично да идам у Обединетите нации, јас лично да му кажам на Мицотакис, у очи, пред сите:
– Ти си тај шпионо, ти си тај шо на мене грците ми вадија очите со нож, ама треба да знајш: МАКЕДОНЦИ СМЕ! МАКЕДОНСКО ИМЕ НИКОЈПАТ НЕМА ДА СЕ ЗАБРАВЕ! Треба да се знае: МАКЕДОНЦИ СМЕ РОДЕНИ, МАКЕДОНЦИ ЌЕ УМРИМЕ! Дури и крвта ни е македонска!

Јас не можам, како дојде тука министеро, јас му речех:
– Јас сам македонка, мајка ми е македонка, татко ми е македонец, дури и крвта ми е македонска! Јас имање не сакам, ама македонското име не го давам!!


Последно освежено ( Петок, 09 Февруари 2018 00:51 )