NAJNOVI NASLOVI:

Снеже Радическа го промовираше својот трет видеозапис!
Недела, 11 Февруари 2018 16:13   


ТЕТОВЧАНКАТА СНЕЖЕ РАДИЧЕВСКА СО СПОТОТ ЗА ТЕМАТА „ НА СРЕД СЕЛО, ЧЕШМА ШАРЕНА“, ГО НАЈАВУВА ПРВИОТ СОЛИСТИЧКИ АЛБУМ!

Спотот е снимен на внимателно избрани локации, за да вистински се долови суштината на песната, која е само уште еден показател дека имаме непресушен извор од каде „излегуваат“ навистина убави македонски песни.

  • Спотот се снимаше во Лешочкиот манастир и во селото Беловиште, тетовско, и се надевам дека навистина целосниот пакет ќе наиде на убави коментари од публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана, бидејќи сите ми се посебно драги, вели Снеже.

На албумот „ Желбо моја“ ќе се најдат девет, новокомпонирани и создадени песни, со фолк, етно и поп фолк призвук, а поголемиот дел се работени во студиото „Гранд“, заедно со Далибор Ѓошиќ.

Освен Далибор и неговото „Гранд студио“, на албумот како соработници се потпишуваат и Дејан Момировски, Борче Нечовски, Љупчо Павлоски, Љупче Василев…

Наскоро Снеже, ја очекува и турнеја надвор од Македонија, каде оди заедно со Далибор Ѓошиќ, а песните од новиот албум ќе ги слушнат и нашинците кои живеат во Шведска,

Данска, Австралија и Америка.