NAJNOVI NASLOVI:


ГРЦИЈА ПОДГОТВУВА КАМПОВИ ЗА БЕГАЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА: Очекуваат граѓанска војна
Среда, 03 Мај 2017 18:29   

Грција се подготвува за изградба на прифатни центри за бегалци од Македонија во случај на граѓанска војна во земјава. Камповите би биле лоцирани во Кукуш и во нив бегалците би останале

додека не се смири ситуацијата во Македонија.


Во кусата информација уште се додава дека не се знае кога ќе заврши политичката криза во земјава.


Плановите вклучуваат отворање кампови кои би примиле голем број бегалци од Македонија во случај на граѓанска војна и за кои се проценува дека би ја поминале границата со Грција. Наводно,

веќе се определени и локации за ваквите кампови.


Весникот „Елефтерос типос“ пишува дека „компетентни служби“ во Грција разработиле планови за вонреден прием и сместување на бегалци од Македонија.