NAJNOVI NASLOVI:

Со предлог-буџетот Трамп бара укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“
Петок, 26 Мај 2017 20:15   

Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, кој е испратен до Конгресот предвидува укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио

Слободна Европа“ на македонски јазик.Вашингтон, 26 мај, 2017 - 11:45 (META)


Сепак, предлог-буџетот на САД треба да биде усвоен од Конгресот.


Во објаснувањето за овој сервис, се вели дека како медиумска мрежа на Балканот, РСЕ обезбеди сеопфатна покриеност на мигрантската криза, на политичките кризи во Србија,

Косово, Македонија но и влијанието на Русија во регионот.


Во однос на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) на македонски пак се предвидува намалување на буџетот за 200.000 евра што ќе значи намалување на бројот на вработените.


Наспроти овој предлог, пак, стои објаснување дека „Гласот на Америка“ има зголемен број на публика на социјалните мрежи и зголемено влијание. Па така „Гласот на Америка на

македонски јазик“ на социјалните мрежи има зголемување на публиката за 462 проценти.


Во објаснувањето во документот на предлог- буџетот се вели дека емитувањето на „Гласот на Америка“ ќе се намали во Авганистан, Индонезија, Руанда и Бурунди, а се предвидува

„елиминирање на програмите за Македонија“. Се предложува и потенцијално спојување на програмите во Латинска Америка и Куба.


Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е

единствениот јазичен сервис, кој има укинување или редукции и во двата сервиси.