NAJNOVI NASLOVI:

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на „Кумановската група“
Среда, 07 Февруари 2018 13:29   

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на загнатите и осудените кои учествува во вооружениот инцидент што се случи во Диво насеље во мај 2015 година.


Косовското Mинистерство за финансии ја реализираше одлуката на Владата, јавуваат косовските медиуми.

„Исплатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите  и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата од 10 октомври

2017 година“, изјави за Инсајдер Мухарем Шабани, портпарол на Министертвото за финансии.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со македонските безбедносни сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните

единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група

За настаните во Дива населба, македонскиот суд во ноември лани на обвинетите им изрече седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од

13, две по 12 години затвор, а четири лица добија ослободителни пресуди.