NAJNOVI NASLOVI:

БПЦ донела одлука да и биде мајка на МПЦ-ОА?!
Сабота, 10 Февруари 2018 16:49   

Бугарската православна црква веќе прифатила да и биде мајка на македонската, само се чека на одлуката за заедничко сослужување литургија со што и официјално и канонски би се случил чинот на признавање. Ова го тврди струмичкиот митрополит Наум.

Бугарската православна црква веќе прифатила да и биде мајка на македонската, само се чека на одлуката за заедничко сослужување литургија со што и официјално и

канонски би се случил чинот на признавање. Ова го тврди струмичкиот митрополит Наум.

„Следниот чекор е заедничко служење на светата литургија со што заедно во пракса ќе ја исполниме одлуката на БПЦ со која таа прифати да биде црква мајка на МПЦ-ОА...

Деновиве испративме писмо до неговата светост патријархот Неофит со братски повик за заедничко служење на светата литургија“ вели владиката Наум за агенцијата

БГНЕС.
Сепак, тој во интервјуто не објаснува што конкретно мисли бидејќи официјално БПЦ нема донесено никаква одлука во однос на МПЦ-ОА освен дека ќе го застапува

нејзиното барање пред останатите православни цркви.

„Последниот збор се разбира ќе го има вселенскиот патријарх Вартоломеј - таков е редот во Православната црква“ вели владиката Наум.

Дел од другите владици во МПЦ-ОА за Алфа коментираат дека се уште нема никаква одлука, немало ни седница на Светиот Синод.

Писмото кое го споменува владиката Наум најверојатно е одговор на она што кон крајот на декември го испрати патријархот Неофит до него а со тоа и до целата

Македонска црква.

„Нашите молитви се со вас и со црквата на Република Македонија. Господ да даде во најскоро време да бидеме во единство кое е посакувано“ напиша тогаш првиот човек

на БПЦ.

Во меѓувреме нема никакви информации што се случи со комисијата која требаше да ја формира БПЦ и која требаше да побара мислење од останатите цркви за статусот на

македонската.

Сето ова следува откако пред три месеци МПЦ одлучи решавање на својот статус да бара преку бугарската, а не како досега, преку српската православна црква што и

официјално го обзнани преку првото писмо испратено до БПЦ.