NAJNOVI NASLOVI:

"Ние сме Македонци во одбрана на Македонија" ќе се одржи на 4 март, 2018 год.
Понеделник, 12 Февруари 2018 14:57   

Одборот за организирање и одржување на мирните протести ја информира Македонската заедница за следното: Мирниот протест "Ние сме Македонци во одбрана на Македонија" ќе се одржи на 4

март, 2018 год.

 Зборното место за Македонскиот народ од Мелбурн и Викторија е 12.00 часот напладне во паркот Carlton Gardens, Victoria St, Carlton. Маршот ќе започни во 1.00 часот и ќе се движи

по Spring St до Парламентот на Викторија. Апелираме до сите Македонци со своите фамилии, роднини и пријатели да го посветат 4 март за спас на името на Македонија, Македонскиот јазик,

идентитет, Црква, култура и традиции. Сите сме запознати дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци, најтешките денови и најголемата неизвесност да се задржи вековното име на

Македонија како и идентитетот на Македонскиот народ. Заради забрзаните национални разнебитувања Македонија го повикува секое македонско чедо на 4 март да застани простум во одбрана на

името на Македонија и нејзината биднина. За Одборот Д-р Ицо Најдовски (Секретар) М-р Гоце Дуковски (Водител на Собраниата)