NAJNOVI NASLOVI:


“Не заслужувам” е најновата песна на Егзотик Бенд
Сабота, 18 Февруари 2017 21:27   

Најновата песна на Егзотик Бенд носи наслов “Незаслужувам”. Тематиката на песната е лубовна, со динамични и хармонични ноти и брзо темпо.


Најновата песна на Егзотик Бенд носи наслов “Незаслужувам”. Тематиката на песната е лубовна, со динамични и хармонични ноти и брзо темпо.

-Идејата за песната е моја. Во доцните часови да направам еден текст. Ми беа потребни повеќе денови, да се внесам во таа програма што требаше да ја средам. Дојде

момент да ги соберам моите дечки им се допадна мојот стил што го размислив и суштината како би изгледала песната, истакна Тоше.

Спотот за оваа песна е снимен на повеќе места.

-Прекрасното Маврово, езерото. Имаше убави моменти, малку времето залади но кога имате визија во себе тоа ќе се изведе. Во ресторан во Тетово фативме убави кадри.

Имавме еден момент од градскиот парк во Скопје. Имаше уште еден дел кон патот за Галичник, со интересен пејсаж, додава Тоше.

Екзотик Бенд одамна е на естрадата. Има своја публика која постојано ги следи. Момците работат на проекти кои им се допаѓаат на публиката, со многу емоции. Во план се

да направат и неколку кавер варијанти на неколку песни од македонската естрада.