NAJNOVI NASLOVI:


Зоре Мицевска сними спот за нејзината најнова песна "Лоша Навика"
Вторник, 09 Мај 2017 19:18   

Зоре Мицевска го заврши снимањето на нејзиниот најнов спот за песната “Лоша навика”. Песната е дело на нејзиниот соработник Артан Кастрати, а спотот го изработи ИН Продукција.


Една од најбараните македонски пејачки во Австралија, извонредната Зоре Мицевска, деновиве го заврши снимањето на својот најнов спот за песната “Лоша Навика”. Спотот се снимаше на

повеќе локации во Прилеп, а во соработка со ИН продукција.

-Песната е дело на мојот долгогодишен соработник Артан Кастрати, со кој одлучивме да направиме нешто поразлично, односно нешто помодерно. Јас се надевам дека песната ќе биде добро

прифатена кај публиката.-додава Зоре.

Зоре живее во Австралија, но допатува во Македонија за да ги сними песната и спотот, бидејќи како што вели тука се чувствува како дома.





Последно освежено ( Вторник, 09 Мај 2017 20:00 )